Избраниците на Давид Дејвис имаат уште два меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, против Мешков Брест на гости ќе имаат шанса да останат на петтото место пред последната пресметка со Елверум во Скопје.
Во групата Б, дербито меѓу Барселона и Веспрем им припадна на домаќините кои благодарение на добрата игра во второто полувреме славеа со 35-30. До очекувана победа дојде ПСЖ, исто пред своите навивачи беше подобар од Фленсбург со 33-30.
Никола Митревски и Порто не успеаја да дојдат до важни бодови против Динамо Букурешт, на домашен терен беа поразени со минимални 31-32. Со овој резултат, португалскиот тим остана на последното место на табелата со осум бода, исто колку и романскиот состав и Мотор. Битката за пласман во следната рунда ќе биде интересна на две кола до крајот.
Лидер е Келце со 18 бода, Барселона има 16, додека ПСЖ е трет со 14 бода, еден повеќе од Веспрем. Петтото место засега му припаѓа на Фленсбург.
Македонскиот репрезентативен голман на оваа средба запиша седум интервенции.