Ракометарите на македонскиот вицепрвак Пелистер триумфираа со 36-27 во дуелот со „помладиот брат“, Пелистер 2 во рамки на 10 коло од групата Б во ракометната Суперлига.
Пелистер го најави својот триумф уште во првото полувреме, кога создаде предност од девет голови разлика (14-5), а на паузата замина со сигурно водство од 20-13.
Помладиот тим на Пелистер ја искористи ротацијата на ракометари кај „постариот брат“ и почна да ја топи негативата, но сепак вицепрвакот не дозволи изненадување и славеше со 36-27.
Костески и Ојлески со по девет голови беа најдобри кај Пелистер, додека Кукуловски постигна исто толку за Пелистер 2.
На останатите дуели Струга беше декласирана од Бутел со 19-27, додека Пролет го реши Радовиш со 34-29.