Големиот фудбалски бисер на Барселона, Ламине Јамал со голема мотивација игра во ЛШ, одигра одличен натпревар па беше избран за МВП на дуелот меѓу Борусија и Барселона.
Јамал асистираше на голот кој го постигна Феран Торес за победа од 2:3, но претходно во првото полувреме, уште еднаш изведе фудбалска магија за која веќе е вистински мајстор.
Јамал има режирано три тривела асистенции во шпанската Примера, а против Борусија требаше да ја има и првата во Лигата на шампиони, која за жал во гол не успеа да ја претвори Рафиња промашувајќи чист зицер.
Шпанскиот тинејџер откри дека станува збор за техника која му доаѓа природно и која не ја вежба со часови на тренинзите.
– Тој пас ми доаѓа природно, нема ништо повеќе од тоа. Тоа е дел од мојот репертоар кој е навистина добар. Во последно време често ми доаѓа да додавам со надворешниот дел од стапалото. Не го тренирам тоа на тренинзите, ми доаѓа само од себе. И денес требаше да постигнеме гол, му реков на Рафиња дека пропушти голема шанса, – открива Јамал.
Видеото погледнете го ТУКА