Атлетико Мадрид продолжи со одличната серија на победи во Ла Лига со драматичниот триумф над Севилја на домашен терен, победувајќи со 4-3. Тимот на Диего Симеоне беше во негатива од 1-3, но со неверојатен пресврт за само половина час успеа да јстигне до победа.
Родриго де Пол донесе водство за Атлетико во десеттата минута, но Севилја експресно одговори правејќи комплетен пресврт, постигнувајќи три голови. Лукебакио го израмни резултатот, а Ромеро ја доведе Севиља во водство. Во 57. минута, Хуанлу Санчез го зголеми резултатот на 1-3, и го донесе Атлетико во безизлезна позиција.
Но гладијаторите на Симеоне во тимот на Атлетико никогаш не се откажуваат. Францускиот ас Антоан Гризман намали на 2-3 во 62. минута, а Самуел Лино израмни во 79. минута.
Во драматичниот финиш, Гризман повторно се истакна со победнички гол во судиското продолжение, носејќи еуфорија на трибините на „Сивитас Метрополитано“ во Мадрид.
Искусниот Гризман постигна два гола а ќе се памети вториот во судиското продолжение, а прекрасен гол постигна и Лино.
Клубот од Мадрид има 35 бода, еден помалку од Реал и три од лидерот Барселона.