Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за квалификациите за СП 2026 во САД, Канада и Мексико. За место на првиот Мундијал со 48 репрезентации, Македонците ќе се војуваат против репрезентациите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Македонија се наоѓа во групата Ј, а во квалификациската група за Мундијалот во 2014 г. завршивме последни во група со Белгија и Велс, но овој пат имаме шанса за реванш. Првпат ќе играме со Казахстан, а против селекцијата на Лихтенштајн сме со максимален учинок а имаме и највисока победа во нашата историја (11-1).
Група Ј:

Белгија, Велс, Македонија, Казахстан, Лихтенштајн

Група А: Италија/Германија, Словачка, Северна Ирска, Луксембург
Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово
Група Ц: Данска/Португалија, Грција, Шкотска, Белорусија
Група Д: Франција/Хрватска, Украина, Исланд, Азербејџан
Група Е: Шпанија/Холандија, Турција, Грузија, Бугарија
Група Ф: Данска/Португалија, Унгарија, Република Ирска, Ерменија
Група Г: Шпанија/Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта
Група Х: Австрија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Сан Марино
Група И: Италија/Германија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија
Група К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора
Група Л: Франција/Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар

Квалификациите ќе започнат во март 2025 година.

Пласман на СП од европската зона ќе обезбедат победниците од групите, додека второпласираните ќе одат во бараж со четирите најдобропласирани репрезентации од ЛН кои нема да изборат пласман преку квалификациите.