Две ракометни легенди се во Куќата на славните на ЕХФ. Леворакиот бомбардер Кирил Лазаров беше првиот македонски ракометар кој се најде во елитната „Куќа на славни“ на ЕХФ. Овој статус првично го добија 50-тина познати ракометари и ракометарки за големи спортски заслуги на ракометна сцена.
Кирил Лазаров како прв македонски член џентлменски ја пречека популарната Инди, па така легендарната македонска ракометна двојка гордо позираше заеднички на церемонијата во Австрија.
Список на ракометни легенди (мажи и жени) кои влегоа во „Куќата на славните“:
ГОЛМАНИ
Андреас Тиел / Германија, Матс Олсон / Шведска, Дејан Периќ / Србија, Луминица Хуцупан Дину / Романија
ЛЕВО КРИЛО
Герго Иванчик / Унгарија
ЛЕВИ БЕКОВИ
Никола Карабатиќ / Франција, Микел Хансен / Данска, Кармен Амариеи / Романија, Ања Андерсен / Данска
ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ
Љубомир Врањеш / Шведска, Енди Шмид / Швајцарија, Миа Хермансон-Хогдал / Шведска, Стине Офтедал Дамке / Норвешка
ДЕСНИ БЕКОВИ
Фолкер Цербе / Германија, Стафан Олсон / Шведска, Индира Кастратовиќ / Македонија, Марта Манге / Шпанија
ДЕСНИ КРИЛА
Лук Абало / Франција, Иван Чупиќ / Хрватска
ПИКЕРИ
Игор Вори / Хрватска
ДЕФАНЗИВЦИ
Виран Морос / Шпанија