Каталонскиот гигант Барселона го загуби дерби дуелот со Атлетико Мадрид во услови кои тешко можат да се опишат, бидејќи Барса без Ханси Флик промаши еден куп шанси пред голот на Јан Облак, за конечно да капитулира во 96-та минута кога беше сурово казнета за сите нереализирани шанси.
Рафиња не искористи две стопроцентни шанси по додавања од Педри во второто полувреме еднаш ја погоди пречката, а за кра тој ја загуби топката по која следуваше убиствена контра на Атлетико која заврши со гол за победа на резервистот Серлот.
– Прифаќам одговорност за денешниот пораз. Не постигнав гол за победа, а пет минути подоцна Атлетико израмни. Потоа, го погрешив додавањето кое заврши со втор гол за Атлетико, ова е пораз кој оди целосно на моја душа, – порача Рафиња во интервјуто по дербито.
– Игравме многу добро, но на крајот загубивме. Претпочитам да играме лошо и да победиме, отколку да завршиме вака, – додаде Бразилецот.