Со ремито против Брајтон во Лондон, Челзи дополнително ја влоши ситуацијата во борбата за титулата англиски шампион.
Манчестер Сити со победата над Брентфорд отиде на осум поени предност, бидејќи „сините“ испуштија триумф против Брајтон.
Тренерот на Челзи, Томас Тухел, не можеше да смета на голем број играчи, што многу придонесе за денешниот неуспех.
„Како да останеме во трката за титулата? Имаме седум случаи на коронавирус, имаме пет или шест играчи кои отсуствуваат месец и половина и подолго. Како да бидеме конкурентни“, праша Тухел по натпреварот.