По втор пат во три ноќи, Атланта загуби против Чикаго. Булси спакуваа страшен тим, пет победи во низа, против Хокс ни дадоа уште еден доказ. Тие шутираа околу 62% и имаа 38 тимски асистенции.  ЛаВин постигна 25 поени,имаше исто толку скокови а блескаше и Никола Вучевиќ со 20 поени, најмногу во сезоната.Кај Хокс Јанг постигна 26 коша,а поради повреди и корона им недостигаа 15 играчи .

Џа Морант ги уништи Лејкерси, постигна 41 поен, Мемфис се врати од -14 и го доби натпреварот во Тенеси. Леброн ден пред 37. роденден постигна 37 поени, дури осум тројки, Вестбрук 16 поени, 12 асистенции и 10 скока, но тоа не беше доволно . Гризлис се во форма, трета победа во низа, имаат скор 22 -14, додека Лејкерси загубија шест од последните седум натпревари.

Феникс ја доби Оклахома, во мечот во кој Девин Букер ја мина границата од 10.000 поени во кариерата, стана седмиот најмлад играч во историјата на кој тоа му успеало. Инаку, Феникс се опорави по поразите од Вориорс и Мемфис на домашен терен, Оклахома беше идеалниот противник да ја прекине мини серијата неуспеси. Букер изброи до 38 .

Шарлот ја победи Индијана со сезонски рекорд, 35 поени на Тери Розиер, Ламело Бол имаше 21 поен, 12 скока и 9 асистенции, малку му недостасуваше за трет трипл-дабл сезонава. Одличната партија на Алекс Буркс и 34 поени ги решија Пистонс против Њујорк, Детроит загуби 18 од последните 19 натпревари, а поради корона се десеткувани, но и пред тоа играа лошо.

Ерик Бледсо се покажа кога беше најпотребно, даде 10 од 17 поени во последната четвртина, Клиперс го победија Бостон без Пол Џорџ, Селтикси го немаа Тејтум.  Мичел не играше за Јута, но соиграчите ја завршија работата, Гоберт фати 22 топки со 22 коша. Возбудливо беше во Сакраменто, каде Чимези Мат погоди тројка за домашната екипа да победи против Далас.

Натпреварот меѓу Сан Антонио и Мајами е одложен .

Резултати:

Детроит – Њујорк 85:94
Индијана – Шарлот 108: 116
Бостон – ЛА Клиперс 82:91
Чикаго – Атланта 131: 117
Мемфис – ЛА Лејкерс 104:99
Феникс – Оклахома 115:97
Портланд – Јута 105:120
Сакраменто – Далас 95:94