Атлетико Мадрид приреди сензација во дербито против Барселона, триумфира со 1-2 благодарение на спектакуларен пресврт во второто полувреме и со гол во последните секунди од натпреварот. Овој триумф е прв за аргентинскиот стратег Диего Симеоне на гостински терен против каталонците со што ја продолжи импресивната серија од 12 победи по ред.

Барселона доминираше во првиот дел, и успеа да дојде во водство по еден пробив на Педри кој го совлада голманот Облак.

На стартот на вториот дел Фермин Лопез не реализираше 100 процентна шанса за 2-0,, шутираше во голманот Облак, потоа Рафиња после одличната асистенција од Педри ја погоди пречката од голот. Конечно во 60 минута домаќините ги стигна казната по лошата реакција на Касадо, аргентинскиот репрезентативец Де Пол со одмерен удар од далечина ја смести топката во мрежата на Пења.

Потоа каталонскиот тим повторно доминираше, притискаше, но Барса едноставно немаше решение за одличниот Облак за да длабоко во судиското продолжение резервистите Молина и Серлот го шокираат „Монжуик“ со гол за огромни три бода за екипата од Мадрид.

Херој на натпреварот беше Александер Сорлот, кој во драматичната 96-та минута го постигна победничкиот гол, носејќи им три бода на „јорганџиите“.

Атлетико со 41 бод е нов лидер во Ла лига, има три повеќе од Барселона, но и меч помалку од него што значи дека може да ја зголеми предноста на табелата.