Екипата на Бетис во Севиља успеа да освои бод против лидерот Барселона постигнувајќи израмнувачки гол во судиското продолжение од дуелот. Асане Диао во 94.минута со луциден потег со пета постигна гол за 2-2 и бод за домаќинот.

Каталонците на двапати имаа водство на „Бенито Виљамарин“. Роберт Левандовски во 39.минута обезбеди предност за Барса, но израмни Џовани Ло Селсо од пенал во 69.минута.

Феран Торес во 83.минута повторно донесе водство за Барселона на асистенција на Јамал, но Асане Диао го спаси Бетис од пораз, па така пропадна уште еден планиран триумф за каталонците.