Холандија никогаш не испаднала од групи кога играла на СП, а ова четвртфинале им е надополнување на серијата со финале во 2010 и бронза во 2014 година, иако во Русија не учествуваа, а денеска тактички ги искористија слабостите на Американците за да дојдат до полувреме за убедлива предност, а откако примија гол експресно да одговорат за да не дозволат неизвесна завршница.
Херој на „лалињата“ е една од најголемите ѕвезди Дензел Думфрис, кој со две асистенции ги скрши Американците, па со гол ја запечати победата за продолжување на трката на трикратниот светски вицепрвак кон „златната божица“.
Мемфис Депај по 10 минути ги казни Американците за утката на Кристијан Пулишиќ и на пробивот на Думфрис погоди за водство, а на ист начин Далеј Блинд погоди во 45-та минута повторно на асистенција на ѕвездата од Интер.
Неверојатниот настап на Думфрис го круниса со гол на асистенција на Блинд девет минути пред крајот, а само пет откако Хаџи Рајт постигна невидено атрактивен гол за САД да се врати во мечот и во завршницата да се бори барем за продолженија.
Холандија сега го чека победникот од вечерашниот меч од 20 часот помеѓу Аргентина и Австралија за да дознае со кој ќе се судри во битката за полуфинале.