Поранешната голманка на тимот на Канзас, Реган Гибс била пронајдена мртва во нејзиниот дом, а полицијата го приведе сопругот кој го призна злосторството.
Тимот од Канзас објави страшна вест за смртта на Гибс и ги изненади навивачите.
„Скршени сме со загубата на 25-годишната Гибс. Сочуство до нејзиното семејство и пријателите“, објави тимот.
Полицијата во понеделникот го пронајде телото на 25-годишната девојка, а нејзиниот сопруг Џозеф Марек призна дека ја убил.
„Ми кажа Бог да ја убијам“, кажал сопругот на полицијата.