Голем исчекор кон четвртфиналето направи Ренџерс кој на домашен терен ја совлада Црвена Звезда со 3:0.
По само 15 минути беше 2-0 за Шкотланѓаните (Таверние и Морелос), а тимот на Дејан Станковиќ имаше нереализиран пенал преку Александар Катаи и два непризнати гола, а на крајот заминува дома со три гола во мрежата.