Екипата на Манчестер Јунајтед по големата победа во градското дерби со шампионот Сити, повторно врза два пораза еден по друг.

Првин загуби во Карабао купот од Тотенхем, а денеска Јунајтед доживеа уште понепријатен дебакл пораз, и тоа на домашен терен од Борнмут (0:3).

Хујсен донесе водство за гостите по нафрлување од корнер во првото полувреме, а Клајверт зголеми од пенал во вториот дел. Точка на победата за конечни 0:3 стави Семењо во 63. минута и најави повторно главоболки за новиот менаџер Рубен Аморим.

Челси не успеа да го совлада Евертон на „Гудисон Парк“, на натпревар на кој имаше иницијатива и шанси, но не постигна гол и мора да се задоволи со еден освоен бод.

Вулверхемптон триумфираше убедливо со 0:3 против тимот на Лестер на гостински терен, на дебито на новиот менаџер Витор Переира, а голови немаше на дуелот меѓу Фулам и Саутемптон.

Манчестер Јунајтед е на 13. место на табелата со големо заостанување зад лидерот Ливерпул, додека Челси има бод помалку, но и два натпревара повеќе од „црвените“.