Екипата на Сити со убедлива победа стигна до големи три бода на тешкото гостување кај Брајтон.
Тимот на Пеп Гвардиола лесно го преброди гостувањето кое на хартија изгледаше дека може да биде незгодно.
Сити поведе уште во 17. минута со гол на Де Брујне, а потоа следуваа два гола на Фил Фоден. Предноста на полувремето беше 3-0, и уште тогаш беше јасно кој ќе биде победникот на овој дуел.
Во второто полувреме гол постигна и аргентинецот Алварез за конечна победа од 4-0.
Манчестер Сити сега има еден бод помалку од лидерот Арсенал, но има и еден натпревар помалку од топчиите.