Фудбалерите на Реал Сосиедад беа подобри од Жирона во голеадата со 5-3 ,во одличен натпревар од седмото коло во шпанската Ла Лига.
Гостите први постигнаа гол преку Сорлот во осмата минута од мечот, по што Рикелме и Мартинез беа стрелци на головите за целосен пресврт на Жирона, но до полувреме Сорлот повторно погоди за 2-2 на паузата.
Жирона направи целосен пресврт во 48. минута преку Кастеланос, но радоста на домаќините не траеше долго бидејќи во последните 30 минути паднаа три гола во нивната мрежа.
Мендеш израмни на 3-3, а потоа Зубименди стрелаше за 4-3, додека триумфот од 5-3 го постави Кубо.