Порто е градот кој треба да ја отвори мундијалската порта за Македонија. После елиминацијата на актуелниот европски првак Италија, избраниците на селекторот  Милевски дојдоа само на чекор до тоа што некогаш било само сон– Македонија да игра на Светско првенство.

Но, Катар сепак се уште е многу далеку. Пред нив стои исправена како кинески зид селекцијата на Португалија, поранешниот европски првак, со екстра ѕвезди како Кристијано Роналдо, Бернардо Силва, Диого Жота, Пепе…

Сепак, македонските репрезентативци „пукаат“ од самодоверба по елиминацијата на Италија.

„Покажавме дека можеме. Знаеме дека Португалија е фаворит, но знаеме и дека можеме  да играме против најсилните селекции. Ќе треба да одиграме уште еден неверојатен меч и да го оствариме сонот на сите – Македонија да игра на Светско првенство. Имаме 90 минути кои се можеби најзначајните во нашите кариери“, изјави Елиф Елмас. Секако и македонската фаланга ќе биде на ниво, со нејзина подршка од трибините на „ Драгао” , Makeдoниja да го преброди пеколот во Порто и да постигне досега невиден успех во својата фудбалска историја. Националниот тим вечерва ќе тренира на стадионот „Драгао“ каде за утревечер е закажана големата финална пресметка со Португалија.