Вистинска кошаркашка драма со продолженија имаше во пресметката меѓу Њу Орлеанс и Денвер, кој на крајот го добија гостите со 129-132.

Српската супер стар Никола Јокиќ не постигна кош во првото полувреме на дуелот во Њу Орлеанс, но потоа експлодира во вториот дел, и го заврши натпреварот со трипл-дабл, 27 поени, 13 скока и 10 асистенции. Мареј ги постигна последните пет поени во продолжението и Нагетси ги надминаа ослабените Пеликанси. Јокиќ започна серија од 15-2 и гостите се вратија во игра за победа. Пеликанс имаа +2, Мареј израмни на осум секунди пред крајот на регуларниот дел. МекКолум промаши за победа од тешка позиција и мечот влезе во продолжение. Потоа, Јокиќ и Мареј ја презедоа работата во свои раце во продолжението, постигнаа 11 од 13 поени на гостите и стигнаа до конечна победа.

За првпат по една деценија, кошаркарите на Хјустон победија во Канада. Дилон Брукс одигра одличен натпревар за Хјустон и постигна 27 поени, Грин нанижа 22, а Шенгун оствари 17 поени со 10 скока во триумфот од 114-110.

Тимот на Индијана имаше целосна доминација во второто полувреме против Сакраменто во Калифорнија. Во последните две четвртини постигнаа дури 70 поени, по нерешениот резултат на полувремето. На крајот Пејсерси славеа со 122-95. Сијакам стрелаше за 19 поени, а додаде и 10 скока. Кралевите немаа одговор за ривалот, иако Сабонис постигна 17 поени и  21 скок. Фокс беше најефикасен кај домашната екипа со 23 поени. Индијана  ја продолжува турнејата во Сан Франциско кај Вориорси, а Сакраменто ќе има време за консолидација до четврток, кога ќе го пречекаат Детроит Пистонс.