Кошаркарите на белградски Партизан остварија важна победа над големиот ривал Црвена Звезда од 89:77 во српското дерби во кошаркарската Евролига.
Белградските „црно-бели“ пред овој дуел имаа шест порази во низа, што беше уште една дополнителна мотивација и на крајот сосема заслужено дојдоа до третиот триумф во единаесетиот натпревар во ова натпреварување.
Првата четвртина ја доби Црвена Звезда (21:19), а потоа Партизан влезе во ритам, го презема водство и имаше апсолутна контрола на играта и резултатот.
Четворица играчи кај Партизан постигнаа двоцифрен број на поени, Џоунс беше лидер со 21 поен, 6 скока и 4 асистенции. Петрушев на другата страна реализираше 20 кошеви со 8 скока.
Натурализираниот Македонец, Ти Џеј Шортс постигна дабл-дабл во седмиот триумф во низа на Париз во Евролига, овојпат му пресуди на Анадолу Ефес. Во победата над Ефес, Шортс имаше страшен настап, реализира 21 поен и десет асистенции.