Барселона, ќе биде без еден од своите најдобри напаѓачи Јамал, за пресметката против Селта Виго. Младата звезда заработи повреда на десниот скочен зглоб на дуелот против Црвена звезда во ЛШ.
Штабoт на каталонците се надеваше дека ќе може да се опорави за натпреварот со Селта, но јасно е дека Ламине нема да биде во ростерот за дуелот.
Во шпанските медиуми се шпекулира дека Јамал треба да биде подготвен за натпреварот против францускиот Брест во ЛШ во вторник.
Дефанзивецот Ерик Гарсија исто така нема да биде во составот за дуелот со Селта. Тој се опоравува од повредата, но сè уште не започнал со целосни тренинзи.
Добрата вест за стратегот Флик е закрепнувањето на голгетерот Левандовски, кој имаше проблеми со грбот, но ќе биде спремен за настап против Селта.
Германецот ќе има проблеми при составот на тимот, ќе располага само со тројца здрави напаѓачи – Левандовски, Рафиња и Пау Виктор.