Екипата на Арсенал го торпедира Реал Мадрид со 3-0 во првиот четвртфинален натпревар од ЛШ. Италијанскиот Интер триумфираше на гостувањето во Минхен со 1-2 против Баерн.

Англичаните одиграа фантастичен натпревар, во високо темпо, одииграа перфектно, имаа убави шанси, но Куртоа на неколку пати го спаси Реал од уште потежок дебакл. Најзаслужен за големата победа беше Деклан Рајс кој постигна два маестрални голови од слободен удар. Донесе водство во 58.минута, а вториот гол беше вистинско ремек дело во 70.минута.

Микел Мерино во 75.минута со прецизен удар го постигна третиот гол и му го зададе конечниот удар за нокаут на Реал Мадрид.

Тимот на Микел Артета, Арсенал ќе има огромна позитива на реваншот во Мадрид.

Сега Карло Анчелоти ќе мора повторно да се надева на големо чудо, поголемо дури и од оние против ПСЖ, Челси и Манчестер Сити.