Барселона му гостуваше на Кадиз во натпреварот од 32. коло на шпанското првенство во атмосфера каква што не се гледа често на Камп Ноу. Празни се местата зад голот, каде вообичаено седат најжестоките навивачи на Барселона.

Самуел Марсден, новинар кој ја следи Барселона за неколку медиуми, ја објасни причината за ова. Дел од навивачите на клубот решија да го бојкотираат натпреварот поради клупскиот дебакл со билети за реваншот од четвртфиналето на Лига Европа.

За потсетување, на натпреварот на „Камп Ноу“ меѓу Барселона и Ајнтрахт присуствуваа околу 30.000 навивачи на германскиот клуб, поради што е отворена истрага.Челниците на каталонскиот клуб тврдеа дека Германците купиле билети на сите можни начини и на тој начин влегле на стадионот каде требало да ги има многу помалку.

https://twitter.com/samuelmarsden/status/1516129660094095361?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516129660094095361%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fnovinar-objasnio-cudnu-scenu-iza-gola-na-camp-nouu%2F2357246.aspx