Во натпревар од 33. коло на италијанското фудбалско првенство, Наполи и Рома одиграа 1:1 (1:0). Наполи поведе рано на натпреварот, кога Инсиње искористи пенал што го доби откако Ибанез го фаулираше Лозанo.
Во второто полувреме домашните наместо со офанзива решија да ја бранат минималната предност и беа казнети за таквиот пристап во првата минута од судиското продолжение, кога Ел Шарави (90 + 1) заврши убава акција од 14-15 метри со прецизен удар.
Елиф Елмас влезе во игра во 68. минута од натпреварот на местото на Лозано.
Третиот Наполи сега има 67 бода, четири помалку од водечкиот Милан и два помалку од вториот Интер кој има натпревар помалку, додека Рома е петта со 58 бодови, пет помалку од четвртиот Јувентус, а два повеќе од шестиот Лацио.