Вест Хем го совлада Тотенхем во лондонското дерби, кој го доживеа четвртиот пораз во последните пет натпревари во Премиер – лигата откако загуби на домашен терен со 1-2.
Кристијан Ромеро во 11.минута го доведе Тотенхем во водство, но израмни Џерод Боувен во 52.минута.
Победничкиот гол за Вест Хем го постигна Џејмс Ворд-Праус во 74.минута од дуелот.
Тотенхем изгледаше како кандидат за титула, но сето тоа го расипа во последните пет кола. Четири порази и едно реми се поразителен биланс за „петлите“, кои сега од врвот се оддалечени дури девет бода.
Тотенхем покрај од Вест Хем загуби и од Челзи, Вулверхемптон и Астон Вила. Ремито е со Манчестер Сити (3-3), но сето тоа паѓа во вода. Вест Хем има седум победи по 15 одиграни кола.