Од самиот старт цели три четвртини Милано доминираше над домаќинот и го полнеше неговиот кош. Функционираше и шутот од далечина на Олимпија Милано и на четири минути пред крајот на третата четвртина, на семафорот стоеше 45-60.

И тогаш Партизан изникна од пепелта и се разбуди од летаргијата што го имаше зафатено. До крајот на четвртината направи 16-2, се доближи на само еден поен негатива (61-62). Белграѓаните во ист стил продолжија и во последниот период, го комплетираа пресвртот, и дојдоа и до убедлива победа. Во последните 14 минути од натпреварот, Партизан направи неверојатни 37-9 за седма победа оваа сезона во Евролигата и позитивен биланс (7/6).

Кевин Пантер постигна 19 поени за победничкиот тим, бразилецот Бруно Кабокло додаде 16, а Зек Ледеј 15. Шевон Шилдс јапредводеше Олимпија Милано, постиггна 19 поени, но не можеше сам да донесе и победа.

 

 

 

На останатите натпревари Алба Берлин во ефикасен меч загуби од Анадолу Ефес (89-97), диригираше Шејн Ларкин со 32 постигнати поени, додека Реал Мадрид во дербито во Атина го совлада Панатинаикос (90-78) воден од Хезоња (19 п.) и Дек (16 п.).