Лука Дончиќ продолжува со блескавите партии во НБА-лигата. Далас на гостувањето кај Голден Стејт дојде до вредна победа од 101-107.

Словенецот беше најзаслужен за триумфот на својот тим, мечот го заврши со дабл-дабл од 31 поен и 11 скока. На другата страна Стеф Кари беше немоќен и покрај тоа што постигна 27 поени и 10 асистенции.

Далас е на петото место во Западната конференција, додека пак Голден стејт е на третата позиција.

ЛА Лејкерс го запиша вториот пораз во низа. По Клиперси, тимот на Леброн Џејмс беше убедливо совладан од Њу Орлеанс со 95-123. „Кралот“ беше единствениот кошаркар расположен за игра, но тоа не беше доволно за победа. Леброн постигна 32 поени и шест скока, на другата страна Мек Колим имаше 22 поени, Инграм запиша 19 поени.

ЛА Лејкерс се наоѓаат на деветото место на табелата во Западната конференција.

Никола Јокиќ имаше скромен учинок од осум поени, но српскиот кошаркар запиша 18 скока и 11 асистенции во победата на Денвер на гости кај Портланд од 92-124. Најдобар стрелец беше Грин со 20 поени и 10 скока.

РЕЗУЛТАТИ: Њујорк – Филаделфија 109-125, Феникс – Јута 118-128, Индијана – Бостон 128-107, Шарлот – Детроит 126-127 (прод.), Хјустон – ЛА Клиперс 98-99, Голден стејт – Далас 101-107, Портланд – Денвер 92-124, ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 95-123