Нападот на Русија врз Украина почна да менува многу работи во светот на спортот. Покрај тоа што се одложуваат бројни натпревари, почнаа да се распаѓаат и клубови од Русија.
Прв е гигантот ЦСКА Москва. На овој тим му се случи егзодус, по Грузиецот Торнике Шенгелија, бродот го напушти Германецот Јоханес Фојтман, како и Данецот Ифе Лундберг и Литванецот Мариус Григонис. кои преку социјалните мрежи соопштија дека си одат.
Евролига за четврток го закажа дуелот меѓу ЦСКА и Реал кој ќе се одигра на неутрален терен, но со оглед на тоа дека сите аеродроми се затворени, патот на „домаќинот“ ќе биде вистинска одисеја, прашање е дали истиот ќе се одигра.