На прес конференцијата за медиумите пред натпреварот во петок кога Македонија ќе игра со Шпанија на домашен терен свое излагање имаше новиот капитен на репрезентацијата на Македонија Бојан Крстевски.
“На нас е да излеземе на терен, максимално ангажирани и борбени и да ги исполниме задачите на селекторот“ – вели новиот капитен.
„Имавме пократок временски период за тренирање за разлика од летото и нешто поизменета екипа од претквалификациите. Не сме комплетни, но тоа тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на тоа што го имавме и со кое располагаме. На нас е да излеземе на терен, максимално ангажирани и борбени и да ги исполниме задачите на селекторот, како и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние нема однапред да ѝ се предадеме“, дополни Крстевски.
Дуелот меѓу Македонија и Шпанија кој е прв во мундијалските квалификации се игра в петок од 19:30 часот.