Најдобриот кошаркар на Партизан, Кевин Пантер останува во Белград, но останува и Зак Ледеј, иако Олимпијакос и Макаби Тел Авив го бркаа овој кошаркар за потпис објавија низа европски и српски медиуми.
Според најавите, Ледеј е на чекор да го потпише новиот двегодишен договор со Партизан. Тој беше еден од клучните играчи на Жељко Обрадовиќ во освојувањето на прватата титула во АБА-лигата по цела деценија пауза, вкупно седма во историјата, како и за четвртфиналето во Евролигата кога за малку им избега фајнлфор со пресврт пораз од новиот европски првак Реал Мадрид.
Ледеј во Партизан дојде од Олимпија Милано, а имаше 10 поени и 4 скока во просек во АБА-лигата, додека 11,4 поени и 5,1 скок во Евролигата.
Од тимот нацрно-белите веќе сигурно е заминувањето на Матијас Лесор, кој се пресели во Панатинаикос, како и на Данте Ексум, кој оди во Далас Маверикс во НБА, како и на грчкиот кошаркар Јоанис Папапетру, кој се враќа во татковината.