Валенсија го потопи Реал на Сантјаго Бернабеу и со гол на Хуго Дуро во 95 минута стигна до голема победа и три злато вредни бодови. Голманот на Валенсија, Ѓорѓи Мамардашвили беше јунакот на дуелот против големиот фаворит Реал Мадрид. По фаулот на Тарега над Мбапе во 13. минута беше досуден пенал, но ударот на Винисиус Жуниор го одбрани Грузиецот.

https://twitter.com/i/status/1908527716757839874

По одлично изведениот корнер, само две минути подоцна Муктар Дијакаби беше најприсебен и со удар со глава ја затресе мрешата на Реал, за водство од 0-1.

https://twitter.com/i/status/1908528326886498373

Домаќинот набрзо постигна гол, поточно Диакаби си даде автогол, а Валенсија се спаси со помош од ВАР собата па голот беше поништен поради офсајд на Мбапе.

Реал успеа да израмни на стартот на второто полувреме преку Винициус, кој се израмни по бројот на голови со легендарниот бразилски ас Роналдо во Реал (104 голови). Имаше Реал контрола и доминација во завршницата, меѓутоа многу расположен беше голманот Ѓорѓи Мамардашвили.

https://twitter.com/i/status/1908541633106227434

По неискористените шанси следуваше шокантен епилог и уште една казна доста болна за Реал. Се играше 95. минута, Валенсија тргна во пеколна контра преку Рафа Мир кој со прецизен центаршут нафрли од десната страна до Хуго Дуро кој со удар со глава ја закова топката под пречката, за победа на Валенсија (1-2).

https://twitter.com/i/status/1908553334979444741

Така, Дуро го замолкна „Бернабеу“, и донесе сензационална победа за гостите и многу важни три бода во битката за опстанок.

Ова значи дека Барселона вечерва има можност да ја зголеми предноста на шест бода во однос на Реал ако го совлада одличниот Бетис на „Монжуик“.

Валенсија пак има 37 бода, седум повеќе од тимот на Леганес кој е на последната позиција која води во втората лига.

Извештај од натпреварот:

ОВДЕ можете да ги погледнете само головите.