Водечкиот во Премиер лигата Ливерпул излезе како победник во градското дерби со Евертон и блиску е до нова шампионска титула, но навивачите на „црвените“ долго ќе ја паметат по катастрофалните грешки на судиите.

Првиот инцидент беше стартот на Тарковски над МекАлистер, по кој гостинскиот фудбалер доби само жолт картон. Чудно е како ВАР судиите не го повикаа главниот арбитар да ја прегледа снимката, бидејќи Аргентинецот можеше да заработи потешка повреда од ваквиот старт, а Тарковски најверојатно заслужи црвен картон.

Уште поконфузна ситуација се случи кога главниот судија по дуелот меѓу Нуњез и Пикфорд, наместо да го санкционира стартот на голманот на Евертон и да досуди пенал, му додели жолт картон на Уругваецот, кој меѓу другото заработи и незгоден удар. Судиите од ВАР повторно не реагираа што е за чудење.