Денешните средби од 5. коло од Конфеенциската лига ќе останат запаметени по неверојатниот гол на фудбалерот на кипарска Омонија. Гомез постигна гол буквално од половина терен.
Шпанецот донесе бод за својата екипа во последната минута од средбата на гостувањето кај Карабаг (2-2) и тоа на неверојатен начин, со удар од својата половина.