Фудбалерите на Реал Сосиедад ја остварија и третата последователна победа во Ла Лига откако вечерва на домашен терен со минимални 1:0 славеа на дербито со Виљареал.

Баскијците до победата стигнаа благодарение на голот на Мендез постигнат уште во 33. минута. До крајот и двата тима имаа по неколку изгледни шанси за гол, но мрежите останаа да мируваат.

За Виљареал ова беше вториот сезонски пораз и веќе четвртти последователен меч во Ла Лига без победа.