Борусија Дортмунд го искористи новиот кикс на Баерн Минхен и се доближи до лидерот на табелата, кој сега има седум бода повеќе од „милионерите“, но и натпревар помалку.
Двајцата беа повредени и се вратија во акција во второто полувреме, а во финишот од средбата, режираа една извонредна акција која вистинска штета е што не заврши со погодок.
Контра нападите се главно оружје на Борусија кога на теренот е Халанд, па во една таква ситуација, Норвежанецот режираше атрактивно додавање со пета, кое малку фалеше да заврши со гол.
Рејна биеше неколку сантиметри до дирекот, а тоа беше последната голема шанса на Борусија да оствари поубедлива победа на пресметката на „Сигнал Идуна парк“.