Екипата на Партизан во рамките од новото коло во АБА лигата, успеа да слави кај екипата на Будуќност во Подгорица со конечни 72:80. Тимот од Белград и покрај пеколната атмосфера во салата успеа да обезбеди значаен триумф и да обезбеди бодови кои го оставаат Партизан и натаму на лидерското место во оваа конкуренција.
На стартот на мечот, Партизан поведе со петнаесетина поени разлика, но домашните се соземаа и заиграа далеку подобро во втората четвртина, односно го направија овој меч неизвесен. Сепак, во трилер завршницата, гостите беа посконцентрирани и поефикасни, па однесоа голема победа од Црна Гора.