Јанис Антетокунмпо го одигра својот најдобар натпревар откако минатата сезона ги предводеше Милвоки Бакс до шампионската титула. Во победата од 109:102 над ЛА Лејкерс постигна дури 47 поени, најмногу оваа сезона.
“Грик Фрик” беше незапирлив, погоди дури 18 од 23 шута од игра, од кои три три тројки, а реализираше осум од 11 слободни фрлања. Покрај тоа, имаше и девет скока, три асистенции, една блокада, една украдена и четири загубени топки.
Бакс се можеби најголемото разочарување оваа сезона. Иако ова им беше трета победа во последните четири настапи, сепак се во негатива од 7-8. Но, Лејкерси им помогнаа на многумина да излезат од кризата оваа сезона и да имаат нешто подобар сооднос 8-8 по овој пораз.
Повратникот во Лејкерс Хортон-Такер постигна 25 поени и 12 скока а Расел Вестбрук со 19 поени и 15 асистенции и Ентони Дејвис со 18 поени и девет скока но ова беше недоволно да дојдат до победа против шампионот.
Далас без Дончиќ стана десеттата последователна жртва на Санс
Минатогодишните финалисти на Феникс Санс се во најдобра форма од кој било НБА тим. Тие синоќа за прв пат по 2010 година го добија својот десетти натпревар во низа совладувајќи го Далас со 105-98. Работата им ја олесни отсуството на Лука Дончиќ, кој го повреди скочниот зглоб на последниот натпревар.
Девин Букер ги преведе Санс со 24 коша, а Деандре Ајтон додаде 19 со 13 скока. Тим Хардавеј со 22 поени и Кристапс Порзингис со сестран учинок од 21 поен, осум скока и седум асистенции не успеаја да го надополнат отсуството на Словенецот.
Харден се присети на старите денови
Џејмс Харден одигра еден од ретките натпревари оваа сезона во кои го оправда статусот на суперѕвезда. Во победата на Бруклин над Кливленд од 109:99, едно од најпријатните изненадувања во лигата, тој постигна 27 поени со 10 скока и седум асистенции.
Дури четворица играчи на Нетс постигнаа повеќе од 20 поени – Ламаркус Олдриџ постигна 24, Кевин Дурент 23 и Пети Милс 20. Кавси беа предводени од Рики Рубио со 25 и Дариус Гарланд со 24 поени.