Орландо Меџик направи изненадување, како прв пик на драфтот го одбра Паоло Банкеро, а не Џабари Смит. Банкеро доаѓа од Универзитетот Дјук, каде минатата сезона имаше просек од 17,2 поени, 7,8 скока и 3,2 асистенции.

Втор пик е Чет Холмгрен од Гонзага кој го избра Оклахома, додека трети е Џабари Смит од Обурн кој беше избран од Хјустон.

Уште еден Србин ќе игра во НБА-лига. Никола Јовиќ беше избран на синоќешниот драфт во НБА како 27-ми пик на драфтот, многумина беа изненадени дека се најде на списокот на Мајами. Крилниот кошаркар е висок 211 см, роден е во јуни 2003 година. Тој пред стартот на изборот се пошегува и порача дека е Јовиќ, не Јокиќ.

 

Јовиќ беше дел од Мега, иако беше најавувано дека ќе биде драфтуван од страна на Денвер, сепак го одбра Мајами.

„Среќен сум што наскоро ќе бидам дел од Мајами и подготвен сум да работам. Ќе ја вратиме титулата во градот“, порача Србинот.