Најголемиот дел од неговите 28.596 поени во НБА лигата Шекил О’Нил постигна од непосредна близина до обрачот. Кога требаше да се пресели на линијата за слободни фрлања, промаши повеќе од 8.000 во кариерата, со неславен скромен учинок од 58,3%.

А тројки? Во целата своја 18-годишна кариера, тој се обиде само 22 пати а погоди еднаш. Но, тоа не значи дека секогаш ќе биде така, а за што сведочи и видеото кое го објави на социјалните мрежи.

Шек се оддалечи далеку од кошот, исто како Стивен Кари кој ја забавува публиката на пат кон соблекувалната.

https://twitter.com/overtime/status/1474409672769740804?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1474409672769740804%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-shaq-pokazao-da-moze-zabiti-tricu-kao-stephen-curry%2F2328079.aspx

Неговата шутерски стил а е ужасен, како и во играчките денови, но прецизноста е завидна.

По завршувањето на кариерата во НБА, Шек работеше како член на фантастичниот тим на шоуто Inside The NBA на TNT заедно со Чарлс Баркли, Кени Смит и култниот водител Ерни Џонсон. Тој е еден од најголемите шоумени во историјата на кошарката.