Денес стартува новата сезона во Евролигата, најсилното кошаркарско натпреварување во Европа.
Според сите најави, може да биде повозбудливо од било кога, особено кога се во прашање навивачите од Балканот .
Црвена звезда и Партизан ќе го претставуваат регионот во елитното натпреварување, вечното дерби ќе се игра во Евролигата, откако по суспензијата на руските клубови (ЦСКА, Зенит, Уникс), црно-белите добија вајлд-карта.
Ефес ќе се обиде да ја освои третата последователна титула, што во поновата историја го има направено само Југопластика.
Според прогнозите, најголеми ривали за титулата ќе им бидат Реал Мадрид засилен со Марио Хезоња и Џанан Муса, Барселона со Никола Калиниќ и Мајк Тоби, Фенербахче со Немања Бјелица, Макаби, а можеби и Виртус, кој се враќа во елитното друштво, предводен од Милош Теодосиќ.
Ќе биде интересно да се види како Дејан Радоњиќ ќе го води Панатинаикос во елитното друштво, а секако никогаш не треба да се отпише ниту другиот грчки гигант, Олимпијакос.
На стартот од сезоната Ефес ја пречекува Црвена Звезда, додека Партизан е домаќин на Алба од Берлин, а првото дерби во Евролигата ќе се одигра на 8 декември во Штарк Арената, а домаќин ќе биде Партизан.