Екипата на Партизан вечерва го пречекува грчки Олимпијакос (20.30 часот) во еден од најважните натпревари за клубот во Евролигата, поради што интересот за овој натпревар е огромен, а билетите одамна распродадени.
Црно-белите на овој дуел ќе имаат дополнителна помош и тоа во хрватските кошаркашки легенди, Тони Кукоч и Дино Раѓа, кои секако нема да бидат на паркетот со оглед што одамна се во пензија, туку на трибините од каде ќе навиваат за поранешниот голем ривал на Југопластика за која настапуваа. Ѕвездата на Чикаго булс се наоѓа во српската престолнина на промоција на документарниот филм за него, а поради тоа како поддршка е дојден и поранешниот хрватски центар.
Двајцата хрватски кошаркари не кријат дека отсекогаш го почитувале Партизан и успесите на овој клуб, а особено Жељко Обрадовиќ, кого го смета за најдобар европски тренер.Партизан едноставно мора да победи во вечерашната пресметка ако сака да се пласира во плеј-инот во Евролигата.