Кошаркарите на Партизан се поразени од Хувентуд во Бадалона со резултат 92:84 (16:27, 25:15, 28:17, 23:25) во натпреварот од 12. коло на Еврокупот.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ со тоа значително се оддалечија од посакуваното прво место на табелата од групата А.
Сега црно-белите имаат осум победи и четири порази исто како и Локомотива , а шпанскиот тим има скор 10-2 и подобар меѓусебен дуел.
Хувентуд го доби овој меч во ритам, со одличен шут за три поени и нивниот фамозен притисок врз противникот, судиите, публиката .
Иако Партизан играше со голема енергија од самиот старт, што ги неутрализираше домашните кошаркари и најмногу притисокот од трибините.
Штом таа енергија малку падна, се отиде на страната на Хувентуд .
Првите седум поени на мечот ги постигна Родионс Курукс, а Матијас Лесор со неколку кошеви под фаул и доминација под двата обрача донесе предност.
Тогаш Кевин Пантер ги зеде „клучевите“ од играта во свои раце, а до крајот на првата четвртина разликата беше двоцифрена.
Хувентуд играше поостро и на работ на фаул на стартот од вториот дел, но Партизан преку Зек Ледеј и повторно Лесор отиде на максимални +15.
Сепак, црно-белите попуштија и многу брзо дозволија домашните да шутираат слободно, пред се Пау Рибас за три поени, а до крајот на полувремето да го сменат резултатот.
Партизан имаше само осум загубени топки само во втората четвртина, што на паузата го потенцираше Жељко Обрадовиќ, па на пауза се отиде со минимални 42:41 во корист на црно-белите.
Српскиот тим одлично го отвори вториот дел, со тројката на Немања Дангубиќ, но и тие +4 многу брзо се стопија под нападите на агресивните домаќини.
Како одминуваше натпреварот, таа агресија се зголемуваше, но некако Партизан постојано беше во игра резултатски .
Се додека судиите не направија неколку контроверзни судиски одлуки и преглед на видеата неколку минути.
Ова навистина го уби ритамот на Партизан, но не и на Хувентуд, чии стрелци во последните 15 минути целосно го полнеа кошот на ривалот и на крајот мечот го завршија со дури 16 тројки.
Од нив, последните неколку беа навистина неверојатни за гледање во изведбата на Гилем Вивес, на крајот од нападот и со една нога во стилот на Хуан Карлос Наваро.
Партизан на крајот беше убедливо поразен и ќе мора да се бори за второто место со Локомотив со кој моментално е изедначен на табелата од групата А од Еврокупот.
Епитетот најефикасен играч на натпреварот го поделија Пантер и Вилис со по 19 поени.
Во тимот на Партизан Лесор придодаде 18 поени и осум скока, а Ледеј 15 поени со шест фатени топки.
Победничкиот тим имаше неколку двоцифрени играчи: Рибас со 15, Пол со 13, Биргандер со 12 и Вивес со 11 поени.