Грција со 80-69 јтриумфираше над Хрватска во финалето на турнирот во Пиреја и се пласира на Олимписките игри во Париз.
Грците ја искористија предноста на домашниот терен, ја совладаа Хрватска убедливо и ја остварија целта.
Хрватска парираше во првата четвртина која заврши нерешено 22-22, но потоа Грција почна да се одлепува, на полувремето беше 45-39.
Во третиот период победникот беше решен, Грција дојде до водство со 66-53. Во последниот период само ја одржа предноста за конечен триумф од 80-69.
Адетокумбо беше најефикасен со 23 поени, Папајанис реализираше 19. Најдобар кај Хрватска беше Зубац со 19 поени.