Украинката Јарослава Махучик на митингот од Дијамантската лига во Париз денес го сруши рекорд на бугарката Костадинова во скок во височина кој беше стар 37 години.
Рекордот Украинката го сруши со скок од 210 сантиметри и така конечно беше соборен рекордот на Стефка Костадинова која во 1987 година во Рим прескокна еден сантиметар помалку.
Конкуренцијата денес немаше никакви шанси против расположената Јарослава која уште во првиот скок скокна 207 сантиметри, а потоа со рекордот само ја потврди победата.