Сидни Меклафлин од САД го сруши сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки и дојде до златниот медал на Светското првенство во атлетика што се одржува во Орегон, САД.
Таа истрча со неверојатно време и тоа под 51 секунда, односно новиот светски рекорд сега изнесува 50,68 секунди. Зад младата 22-годишна Американка финишираа Фамке Бол од Холандија, која имаше време од 52,27 секунди, додека со бронзата се закити Далија Мухамад од САД со 53,13 секунди.