Екипата на Јувентус вчера го одигра својот прв натпревар од претсезонската турнеја против Гвадалахара од Мексико.

Избраниците на Масимилијано Алегри победија на средбата со 2:0, а стратегот на Јуве и пошироката фудбалска јавност можеа да ги видат и деби настапите на Пол Погба, Анхел Ди Марија и Глејсон Бремер во торинскиот клуб.

Сите тројца добија по 45 минути на теренот, а натпреварот најмногу ќе го памети Ди Марија кој во еден момент доби лакт од главниот судија.

Ди Марија со топката се пробиваше низ играчите на Гвадалахара, кога во еден момент пред него излезе главниот судија со кого фудбалерот директно се судри. При ударот, судијата го закачи Ди Марија со лактот во лицето, па натпреварот беше во прекин неколку минути.

https://twitter.com/julialv21602076/status/1550688464554938368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1550688464554938368%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fkomichen-moment-na-sredbata-vo-sad-di-marija-dobi-lakt-od-sudijata-za-dobredojde-vo-juventus-video%2F