ПСВ го демолира Ајакс во ланското издание на холандскиот куп и славеше со 4:0 на теренот на противникот.

Сега Ајакс ќе сака реванш, повторно на свој терен, на „Јохан Кројф арена“ за да го освои првиот пехар во сезоната.

Се игра само еден меч и мора да има победник и освојувач на пехарот денеска.

Ајакс направи многу промени во тимот, а си замина и тренерот Ерик Тен Хаг, па ова ќе биде официјално деби за Алфред Шрудер на кормилото на Копјаниците од Амстердам.

ПСВ исто така го промени тренерот, па сега легендарниот Руд Ван Нистелрој ќе се обиде да ги доведе Филиповци до првиот трофеј во сезоната.