Драган Шолак, основачот на Јунајтед Груп, купил контролен пакет акции во англискиот премиерлигаш Саутемптон, дознава Sky Sports. Договорот е вреден 100 милиони фунти, а во преземањето на клубот заедно со српскиот бизнисмен се и Расмус Анкерсен, еден од поранешните директори во Брентфорд и Хенрик Крафт, инвеститор од Лондон.
Мнозински сопственик на Саутемптон досега беше Гао Јишенг, кинески бизнисмен кој купи 80% од акциите во клубот во 2017 година. Останатите 20 отсто од сопственоста на клубот ги држи Катарина Либхер.
Драган Шолак е најпознат како основач на Јунајтед Груп, компанија која стои зад Telemach и Sportklub, N1 и Nova TV. Саутемптон, моментално 14. пласираниот премиерлигашки клуб, со месеци бара нов сопственик. Играчите и раководството на клубот веќе се запознаени со ова преземање.