Болоња одигра добар фудбал под водство на Мота, но сепак Јувентус самиот си ги направи работите комплицирани, бидејќи не успеа да се врати во натпреварот.
Аркадиуш Милик самиот се избори за пенал откако беше соборен од противнички дефанзивец, па иако во еден момент остана без копачката, реши сам да ја преземе одговорноста.
Полјакот изведе ужасен пенал кој комплетно ги фрустира навивачите на Јувентус. Милик со очајна пенал техника му дозволи на Скорупски, без проблеми и рутински да ја фати топката.
Милик сепак успеа да се поправи во вториот дел и погоди од игра за 1:1, но Јувентус немаше доволно време за пресврт, иако ја креираше најдобрата шанса во продолжението. По одбиената топка од Влаховиќ, истата заврши кај Суле, кој непречен од никого промаши цел гол од непосредна близина.