Англискиот премиерлигаш Евертон се обиде да го донесе Лука Јовиќ на позајмица во финишот на преодниот рок, но Реал Мадрид одговори дека нема шанси тоа да се случи.
Евертон ги донесе Дони ван де Бек и Деле Али, а Лампард сакаше да ја зголеми конкуренцијата и на Калверт-Луин во нападот. Сепак, Реал одби да го пушти Јовиќ.
Србинот ќе остане резервна опција за Карим Бензема најмалку до крајот на оваа сезона во Ла Лига.